Демократски сојуз: Чиста победа на Стево Пендаровски

Од:

„Вчерашните избори за претседател на РСМ поминаа во мирна и демократска атмосфера, без нарушувања на изборниот процес и без било какви кршења на изборните правила и стандарди.

Победата на Стево Пендаровски е кристално чиста и израз на цврстата решеност и определба на мнозинството граѓани кои гласаа за продолжување на евроатланските процеси, внатрешна кохезија и стабилност на државата.

ДИК и другите државни институции дејствуваа согласно нивните надлежности и обезбедија услови за слободно изјаснување на граѓаните.

Овие избори се со исклучително важна историска димензија, затоа што се работи за огромна демократска победа на граѓаните, но и на сите партии кои учествуваа во изборниот процес.

Демократскиот сојуз очекува да се забрзаат реформите во државата и за важните стратешки прашања да се гради единство помеѓу партиите од власта и опозицијата.

Советот на Европската Унија во Јуни, треба да ги отвори вратите за влез на Република Северна Македонија во ЕУ, без било какви калкулации, оправдувања и условувања“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември