Демократски сојуз: Честит 8-ми Септември

Од:

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

„На овој ден, пред 25 години, македонските граѓани на референдум, го остварија вековниот сон на нашите предци, Република Македонија да стане слободна, независна и суверена држава.

Македонците и сите граѓани без разлика на етничката припадност покажаа зрелост, подготвеност и решителност, да го исполнат аманетот на генерациите кои дадоа многу жртви и да се справат со сите предизвици кои се исправија пред нив во годините кои следеа.

Нека овој 8-ми Септември не потсети на обрвската која ја имаме кон идните поколенија, од Македонија да направиме европска, економски силна и просперитетна држава. Заедно, единствени и сплотени да ја продолжиме вечната традиција на соживот, почитување на различностите и солидарност кон другите.

Овој празник е силен предизвик за сите нас да продолжиме да се бориме за слободна Македонија, во која ќе владее правото и ќе создаваме еднакви можности за граѓаните“, се вели во честитката на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Германија ќе ја поддржи резолуцијата на ОН за признавање на палестинската државност

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска