Демократски сојуз: Борбата со мафијата која раководи со бизнисот со отпад е тешка и неизвесна

Од:

Претседателот на Демократскиот сојуз, на трибината организирана од партијата на тема “Мафијата и загадувањето” кажа дека со загадувањето во Македонија е загрозена националната безбедност. Со загадувањето на воздухот, почвата и водите се врши своевиден геноцид и оттаму потребата во борбата против мафијата која раководи со отпадот, повика да се вклучат и Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, МВР, Министерството за екологија, Царинската управа, како и другите институции.

Покрај домашниот отпад, во Македонија се увезува отпад како енергенс, отпад како суровина и нафтени деривати (мазут, масло) кои не ги исполнуваат пропишаните стандарди.

Државните институции “не треба да ги контролираат само декларациите туку товарот” што се внесува во Македонија.

Оваа борба ќе биде тешка и долготрајна, бидејќи е борба против мафијата во Европа која од трговијата со отпад остварува огромни приходи, рече Трајанов.

Околу ставовите дека во Македонија е забранет увоз на опасен отпад, Трајанов рече: “забренето е да се внесува дрога и оружје, но дрога има во изобилие, како и оружје кое нелегално се поседува”.

Демократскиот сојуз заедно со невладиниот сектор и медиумите ќе работи на подигање на свеста на граѓаните, но и ќе инсистира на соодветна реакција и одговорност на носителите на високи позиции во инстуциите во борбата против загадувањето.

Невена Георгиевска од граѓанската Иницијативата О2 зборуваше за активностите на Зелениот фронт кој обединува неколку невладини организации во битката за здрава животна средина. Таа рече дека граѓанскиот сектор успеал да ја разбуди економската свест кај граѓаните и да влијае кај институциите за поголемо ангажирање за алармантните проблеми со загадувањето.

Георгиевска нагласи дека очекува законот за забрана на увоз на отпад за горење да се донесе во Собранието, но реце дека клучен проблем е институционалната негрижа, непостапувањето на надлежните органи.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Горан Наумовски