„Демначот“ на девојчињата од центар им се сокрил на социјалните работници

Од:

30-годишниот бездомник кој скоро цела година, демне и манијачи девојчиња во блокот згради зад Соборениорт храм, денеска им се сокрил на социјалните работници, кои не успеале да го затечат на плочникот кај што вообичаено се движи. Директорката на центарот за социјални работи Скопје Наташа Станојевиќ, за А1он рече дека стручен тим бил на терен, за да поразговара со бездомоното лице и да го смести во “Чичино Село“. Но, како што ни објасни доколку, тој одбива сместување , центарот не смее на сила да го однесе во институцијата.

„Имаме мобилна екипа 24/7, составена од социолог, педагог, психолог и социјален работник и таа е подготвена да тргне во секое време по дојава или од граѓани или од надлежна институција. Штом не извести полицијата веднаш постапивме согласно нашите надлежности. Бидејќи, бездомникот не е пронајден ќе чекаме следна дојава да излезме на лице место. Согласно нашите ингеренции, должни сме да пораговараме со него и да го сместиме во соодветна институција. Но, сместувањето е на доброволна основа, доколку тој одбива ние сме должни да ја почитуваме неговата волја“, објаснува Станојевиќ.

Иако, бездомникот им избегал на социјалните служби, револтираните жители тврдат дека и утрово бил во нивното маало. Според нивните кажувања, бил забележан како се крие во џбуновите околу зградите и разговара на телефон.

„Си беше утрово, не посети повторно. Имаме куче во маалото кое алармира на неговото движење. Но, овој пат беше во нова облека, најверојатно му ја дале од Црвен крст. Носеше бел блузон и сини панталони. Повеќе од сигурни сме дека нема да се откаже, ќе продолжи да си демне и манијачи жени и девојчиња, а институциите нека си ги перат рацете. На крајот ако тие не можат да го фатат, ќе го фатиме ние, па нека не тужат колективно“, изјави Викторија Стефкова, жител на Општина Центар.

По објавата на сторијата на А1он, во која загрижени граѓани повикаа до надлежните да се справат со непознатиот човек кој цела година манијачи девојчиња, полицијата откри дека не е емигрант, туку бездомник и упати дека за него решение треба да најде Центарот за социјални работи. Информираа дека дека против него се поднесени две прекршочни пријави за вознемирување, бил легитимиран и контролиран и дека тука завршуваат нивните надлежности.

Според кажувањата на жителите овој човек во нивното маало се појавил во септември минатата година и прв бил виден како спие на картони кај подземните гаражи на околните згради и му помагале со храна и облека. Но, како што рекоа, за кратко време почнал сексулано да вознемирува девојчиња, се соблекувал гол среде бел ден, пиел и кршел шишиња. Исплашени за безбедноста на нивните деца кои играат додека тој непримерно се однесува се обратиле до полицијата и барале да се справи со него. Но и по неуспешниот обид на полицијата, тие решија за ова да ја алармираат и јавноста и побараа интервенција на кој и да е надлежен државен орган.

Велат доколку институциите не се справат со овој човек ќе излезат на протест да го искажат својот револт.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Педофил е осуден на 18 години затвор – правел експлицитни слики од деца користејќи вештачка интелигенција

А1он

Охриѓанец следел две малолетнички, едната ја принудил да го бакне, а настанот го снимал со мобилен

Мајка пријавила дека скопјанец ја гушнал и бакнал нејзината малолетна ќерка

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Предраг Петровиќ

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете