Демири: Разрешувањата на медицинските директори на Кардиохирургија и на Токсикологија се поради пропусти во нивната работа

Од:

Министерот за здравство д-р Илир Демири во однос на ставот на Државната комисија за спречување корупција за разрешувањата на медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија и на Клиниката за токсикологија информира дека тие разрешувања биле поради пропусти во нивната работа.

– Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Република Северна Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај. Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи. Би сакал да ја информирам Државната комисија за спречување корупција дека обврска на министер е безбедноста на пациентите и безбедноста на сите вработени во јавното здравство, рекол Демири, се наведува во денешното соопштение од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: 12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена

Демири нема поим што се случува на Хирургија вели ВМРО-ДПМНЕ

Хируршките сали на Клинички не работат втора недела, Демири ќе одржи прес-конференција

Катерина Ѓуровски

Беќаровски обвинет дека ги навредувал Албанците, најави кривична за министерот Демири

Орце Костов

Министерот Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски

Демири: Засилени инспекции во градинките на државно ниво, не само во Скопје