Демант од МО на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

Во однос на денешната прес-конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, поврзана со неодамнешниот трагичен настан во Злетово, Министерството за одбрана на Република Македонија го истакнува следното:

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија уште еднаш изразуваат искрено жалење за трагичниот случај во кој згаснаа човечки животи.

МО и АРМ исклучително сериозно му пристапија на трагичниот настан кој претставуваше шок за цела Македонија. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски презеде дополнителни мерки и веднаш по трагичниот настан издаде налог за формирање на Комисија за испитување на комплетниот случај – почитувањето на правилата и прописите во Армијата на Република Македонија и севкупните околности во однос на случајот.

Според првичните резултати од работата на Комисијата, утврдено е дека сите пропишани стандардни оперативни процедури и правила се доследно испочитувани.
Министерството и Армијата даваат целосна поддршка на напорите на Владата на Република Македонија за ревидирање на Законските одредби во кои се опфатени повеќе институции, во делот на употреба на огненото оружје.

Истакнуваме дека основна цел на Министерството и на Армијата е да се избегнат вакви трагични случаи во иднина.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он