Демант на МВР: Од Општина Аеродром не е доставено побарување МВР да не ги отстранува возилата на одредени улици

Од:

„Во врска со написот во електронскиот медиум „Курир“, со кој Општина Аеродром апелира до МВР да не ги отстранува возилата на дел од улиците на подрачјето на Општина Аеродром, односно, ул.„23 Октомври“ (поранешна Владимир Комаров), ул.Васко Карангелески, ул. Симеон Кавракиров, бул.Февруарски поход, Ве известуваме дека од страна на Општина Аеродром до МВР, односно, СВР Скопје не е доставен писмен допис и побарување, со кое се бара МВР да не презема репресивни мерки во врска со горенаведеното.

Во рамките на проектот „Пријавете сообраќајна контрола“, врз основ пријава бр.16-539 од 05.02.2016 година, која се однесува на многуте паркирани возила на коловоз и тротоар, кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците, СВР Скопје изготви превентивно – оперативен план за преземање на мерки во насока на надминување на состојбата на неправилно и непрописно паркирање моторни возила.

Планот се состои од мерки и активности насочени кон предупредување и укажување на возачите во период од 10 дена, кои непрописно ги паркирале своите возила на коловоз и тротоар, со ставање на писмено известување на самото возило, дека, доколку истото во наредниот период биде паркирано тука, ќе бидат превземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и ќе биде отстрането со специјално возило.

СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со превентивно укажување на граѓаните кои живеат на подрачјето на горенаведените улици во однос на неправилното паркирање на нивните возила, додека, кон возилата кои во голема мерка го попречуваат нормалното и безбедното одвивање на сообраќајот, ќе бидат преземени соодветни законски мерки, согласно ЗБСП и истите ќе бидат отстранети со специјално возило“, се вели во демантот на МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он