Демант на Кирацовски до Курир и Сител

Од:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаа да казнат околу 1700 административни службеници.

Јас како дополнителен заменик министер за информатичко општетство и администрација спречив околу 1700 административни службеници да бидат казнети со намалени плати од 7.500 денари до околу 30.000 денари или со откази.

Документите што ги објавив се јавни и се токму од администрацијата којашто гласилото Курир ја користи за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, да беше гласилото Курир медиум и да беа загрижени за административните работници што за малку ќе настрадаа од казните на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја објавеа мојата прес конференција.

Ете поради ваквото известување на Курир, Сител и медиумите под контрола коишто земаат милионски суми евра за да лажат, неопходна регулација на медиумите од којашто како изгорен бега Никола Груевски.

Второ, Курир и Сител лажат дека во прес конференцијата што ја одржав се објавени лични податоци на вработени во администрацијата, имиња и презимиња и матични броеви.

Информациите објавени на Курир и на Сител се клевета поради што барам извинување. Предупредувам дека во клевета ќе влезат и сите други провладини медиуми што имаат задача да препишат од гласилото Курир, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?