Делумно затворање на граничните премини поради штрајк на грчките цариници

Од:

Поради 24-часовен штрајк на грчката царина, од 21 часот вечерва граничниот премин Стар Дојран нема да пропушта патнички и товарни возила. Можност за премин ќе имаат само пешаци, соопшти АМСМ.

Од 00:00 часот на полноќ, пак, во генерален штрајк што ќе трае 24 часа стапуваат и грчките царински служби на граничен премин Евзони поради што, во тој период, товарниот сообраќај при влез и излез во Грција ќе биде во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).

Утре од 7:00 часот ќе почне штрајк и на граничниот премин Ники кој ќе трае до 24:00 часот. Во тој период ќе бидат пропуштани само пешаци, не и возила.

Би можело да ве интересира

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он