А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион

by А1он24/03/2017 - 16:03110
Share0

Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион со цел зголемување на соработката денеска се одржа во Кичево, во организација на регионалните комори при Стопанската комора на Македонија.

Добивај вести на вибер

На средбата присуствуваа компании од бизнис-секторот од двата региона, како и претставници од општините Велес и Кичево. Целта според организаторите беше да се разгледаат можностите за интензивирање на соработката на регионалните комори и општините, како и можностите за поддршка на бизнис-секторот и инфраструктурно поврзување.

– Со денешната средба ќе ја интензивираме меѓусебната соработка на двете регионални комори, при што претставниците од двете комори ќе имаат можност меѓусебно да се запознаат и да разменат искуство, рече претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево Игор Соколески.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Георги Чадиев рече дека деловната соработка ќе придонесе за развојот на двата региони.

Во име на општина Кичево зборуваше претставникот Рамиз Реџепи, кој истакна дека општината била и ќе остане мост за поврзување на стопанските комори за што подобра соработка меѓу нив.

kicevoveles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он21/02/2026 - 15:0921/02/2026 - 15:11

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 19:25

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:2115/02/2026 - 19:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен