Делови од Скопје во четврток без струја, без вода дел од Центар

Од:

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од потрошувачите од општина Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец.

Од 9,00 – 14,30 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите од ул. Илинденска бр. 25 во општина Центар, од 9,00 – 14,00 часот дел од улиците Желево, Разловечко Востание, Волгоградска и Трипун Бузев во општина Карпош и ул. Алекса Демниевски – ул. 25 во Ѓорче Петров, од 9,00 – 15,00 часот дел од потрошувачите во село Рашче и од 14,00 – 16,00 часот градинката 25 Мај и околината во село Петровец.

Утре е најавен и прекин во водоснабдувањето на дел од корисниците во општина Центар.

ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради дефект на затварач (шибер) од Ф 80 мм на ул. Никола Кљусев бр. 5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Никола Кљусев од 09:00 часот до завршување на работите.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 13 ноември 2026 изнесува 200,40 евра за мегават час, на МЕМО 211,11 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 06 ноември 2026 изнесува 307,07 евра за мегават час, на МЕМО 314,68 евра за мегават час

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он