Делови од Скопје утре без струја

Од:

Од 9:30 до 15 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Методија Патчев“, а од 12 до 13:30 часот корисниците од улицата „Иван Хаџиниколов“ подулица бр. 3.

Во временскиот период од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата 2 во Нова Колонија во село Јурумлери. Од 10 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ подулица бр. 20, во близина на паркот.

Без струја од 8:30 до 10 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ подулица 1, а од 9:30 до 15 часот корисниците од улицата „Скупи“ подулици 1, 3 и непарните од бр. 9 до бр. 19.

Од 13:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Илија Ристовски“ во населбата Драчево, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од населбата Теферич, од улицата „Мариовска“-2 и од улиците „27“, „29“, „31“, „33“ и „35“.

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 13 ноември 2026 изнесува 200,40 евра за мегават час, на МЕМО 211,11 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 06 ноември 2026 изнесува 307,07 евра за мегават час, на МЕМО 314,68 евра за мегават час

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час