Делови од повеќе скопски населби без струја

Од:

Поради технички зафати во електро мрежата, утре од 7 до 14.45 часот без струја ќе останат дел од жителите од скопските села Мршевци и Бујковци и објектот на „Мобимак“.

Како што информира РЦУК на Град Скопје, в понеделник без струја ќе останат дел од општините Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров.

Од 13:30 до 15 часот  без струја ќе бидат корисниците од улицата „Киро Фетак“ – делот околу пругите. Од 10:30 до 12 часот корисниците од улицата „Малешевска“ – подулица 1 и од 12 до 13:30 часот корисниците од улицата „9006“, во населбата Драчево.

Без стуја 11 до 12 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Борка Талески“ и „Атинска“ згради бр. 21, 23, 25 и 29А.  Во временскиот период од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Франце Прешерн“.  Од 14 до 15 часот корисниците од дел од улицата „Његошева“, а од 9:30 до 10:30 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 72 и улицата „Атинска“ бр. 12.

Од 8:30 до 10 часот без стуја ќе бидат корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“ – делот околу Американскиот колеџ.

Во време од 09 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Христо Батанџиев.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата