Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:30 часот ќе имаат корисниците од високата зона Пржино и корисниците лоцирани на улицата „Мариовска“ во Општина Кисела Вода.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа, на улицата „Полог“ 14.
Поради дефект на улицата „Црногорска“ 11, денеска од 9:40 часот прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Црногорска“, „Мијачка“, „Кузман Шапкарев“, „Радушка“, „Арсение Јовков“, „Гостиварска“ и дел од „Борис Сарафов“.
Без вода денеска од 10 часот ќе останат и жителите на населбата Свиларе. Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект во оваа населба.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.