Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Центар утре без струја

Од:

Од 08.30 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Невена Ѓорѓиева-Дуња“, „Дренак“, „368“, „553“ и дел од корисниците од улиците „Емил Зола“ и „Виктор Иго“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 10.30 до 13 часот без струја ќе останат дел од жителите лоцирани на улицата „Призренска“ во општина Ѓорче Петров.

Од 08.15. до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Орце Ниоколов“ бр.182, 184 и 186 и корисниците од булеварот „Илинден“ бр.105 во општина Центар.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се заради инвестиции во електро системот.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата