Делови од Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода в петок 18 часа без вода

Од:

Поради реконструкција на водоводна линија со пречник од 700 милиметри кај новиот кружни тек меѓу улицата „Христо Татарчев“ и булеварот „Србија“ на последната постојка на автобусот со број 24, в петок од 20 часот до завршување на работата без вода за пиење ќе останат станбените објкети над петти кат во населбите Аеродром и Ново Лисиче, како и населбите Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.

Без вода ќе биде и дел од населбата Кисела Вода, поточно улицата „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисната зона Југ и делот од булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ на потегот од новиот кружен тек до булеварот „Борис Трајковски“.

Како што инфомрираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, според нивните проекции работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило в сабота во периодот од 8:00 до 14:00 часот.

– Бидејки ќе се работи во текот на ноќта за жителите од наведените населени места ќе обезбедиме цистерни со питка вода, се вели во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и се додава дека непречено ќе функционираат уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски