Делови од Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол в петок 18 часа без вода

Од:

Без вода за пиење утре од 20 часот до завршување на работата ќе останат делови од Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – станбените објекти над петти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, како и дел од Кисела Вода на ул. „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. „Борис Трајковски“ и дел од бул. „Србија“ (од новиот кружен тек до бул. „Борис Трајковски“), соопштија од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна линија сo пречник 700 мм, што ќе се изведува кај новиот кружен тек меѓу ул. „Христо Татарчев“ и бул.„Србија“ (последна 24-ка).

Планската проекција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, посочуваат оттаму, е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би добиле во периодот од 8 до 14 часот наредниот ден (11 август).

Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, од Јавното претпријатие информираат дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат