Делови од Аеродром, Чаир, Шуто Оризари и неколку скопски населби и села денеска без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Че Гевара“, „Македонско Косовска Бригада“ со под улици, како и улицата „Бутелски венец“ во општините Чаир и Шуто Оризари денеска од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Петар Ацев“ во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци, од 9:00 до 11:30 часот корисниците од улицата „Саса“ во во близина на училиштето во населбата Пинтија, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од населените места Дивље, Сушица, Чифлик, Коњари, како и фирмите Живиње КУ, Прогрес и АЛЕМ во општина Петровец.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата