Делницата Велес-Градско затворена за сообраќај од девет до 16 часот, забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Од:

Поради поставување заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај од девет до 16 часот.

Како што информира АМСМ, на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

По изборната победа на Студентското движење, РЕМ воведе строги санкции за „Информер“

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

Москва воведува строга забрана

Воведена е забрана за капење и пливање во акумулацијата „Стрежево“

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август