Делев на средба со битолските стопанственици и градочалникот Талески

Од:

Заменик-министерот во Министерството за економија Христијан Делев денеска во Битола се сретна со стопанствениците од таа општина и градоначалникот Владимир Талески.

На средбата со новинарите во Битола, Делев истакна дека средбата со бизнис секторот во овој град е во функција на развојот на малите и средните претпријатија од Пелагонискиот регион.

– Со претставниците на бизнис заедницата разговаравме за новите програми, за можностите на економските зони како и програмите на Владата за развој на мали и средни претпријатија. За нас особено се корисни информациите за проблемите со кои се соочуваат бизнисмените од овој крај и како можеме да им помогнеме, посочи Делев.

Според градоначалникот Талески ваквите директни средби со бизнис секторот се во функција на нови вработувања, размена на информации и создавање услови за нови инвестиции.

– Решението е збир на информации. Ние како локална самоуправа ги вклучивме сите капацитети и ресурси за создавање услови за изградба на фабрики и отворање на нови работни места. Потврда за тоа е индустриската зона „Жабени“ за големи капацитети, каков што е и гигантот „Кромберг и Шуберт“, како и Бизнис старт-ап центарот со кој помогнавме на над 200 мали и средни претпријатија или фирми самостојно да функционираат, истакна Талески.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември