Делегација од училишта од Молдавија и Унгарија во посета на Средното медицинско во Прилеп

Од:

До 17 февруари во прилепското средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ престојува делегација од 28 претставници од училишта партнери од Молдавија и Унгарија.

Целта на посетата е размена на искуства за медиумска писменост, за меѓународна соработка и партнерство на училиштата.

Проектот што е дел од програмата за прекугранично партнерство на училишта, е поддржан од 15 министерства за образование на сите земји учеснички.

„АЦЕС секоја година објавува конкурс на различна тема. За учебната 2012/2013 темата беше медиумска писменост, а името на нашиот проект е „Креаторите на новости: креатори на живот или на илузија”. Прв пат учествуваме, посочи координаторот на проектот Елизабета Милошеска, професор по англиски јазик во средното медицинско училиште.

За време на посетата гостите ќе посетат дел од практичната настава, ќе се сретнат и разменат искуства со наставниот персонал.

Во рамки на проектот ќе се одржи и работилница на тема медиумска писменост, прикажување на сработеното.

Ова е втора посета на училиштата. Првата беше во ноември лани во Молдавија. Следната е закажана за почетокот на идниот месец во Унгарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително