Делегација од Словенска пошта ја посети Македонска пошта

Од:

Претставници од Словенска пошта денеска ја посетија АД Македонска пошта и се сретнаа со директорот Фаадис Реџепи.

Во состав на делегацијата, како што соопшти АД Македонска пошта, биле Маријан Освалд, директор за меѓународни односи и Франц Предикака, советник на менаџментот на Словенска пошта.

– На состанокот беа дискутирани повеќе теми, а посебен акцент беше ставено на искуството што ја има Словенската пошта и Царинската управа на Словенија во поедноставување на процедурите за царинење на пратките од интернет продажбата, се вели во соопштението.

Гостите изразиле подготвеност да настапуваат заедно со Македонска пошта на пазарот во Македонија и регионот со услугите на хибридна пошта. Реџепи од гостите побарал поддршка и стручна помош во користење на можностите и финансиските фондови што ги овозможуваат Светскиот поштенски сојуз PostEurop и Европската комисија. Договорено е во иднина да се издаде и заедничка поштенска марка.

Би можело да ве интересира

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов