Делегација од општина Kрива Паланка во посета на Бор, Србија

Од:

Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, на покана на грдоначалникот на Бор, Александар Миликиќ, присуствуваше на свеченоста по повод одбележување на 3 октомври, ден на градот Бор.

– На главната свеченост и Свечената академија, покрај нашата делегација, присуствуваа преставници на локалните самоуправи од Борскиот и Зајачарскиот округ, збратимени градови со Бор, претставници на свештенството, војската, претставници на министерствта на Република Србија. Во рамките на оваа посета, градоначанициите на двете општини Мицевски и Миликиќ се договорија во најскоро време да ја отпочнат и постапката на збратимување, заради унапредување на веќе воспоставеното пријателство и развивање и продлабочување на можности за соработка во областа на културата, спортот, граѓанскиот сектор, младинскиот активизам и економијата, како и јакнењето и негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од кривопаланечкиот крај, информираат од службата за односи со јавност од Крива Паланка.

Мицевски го поканил Миликиќ на возвратна посета по повод претстојниот празник, ден на ослободување на Крива Паланка, 8-ми Октомври.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски