Делегација на Општина Битола викендов престојува во посета на збратимениот град Епина, Франција, во рамките на прославувањето на Свети Никола – патрониот празник на францускиот град Епинал и регионот Лорен, јави дописникот на МИА.
Покрај учеството во празничниот дел од програмата, делегацијата имаше за цел да ги зацрта и рамките на идната соработка меѓу двата збратимени градови, кои во 2013 година ќе одбележат 45 години од збратимувањето.
Размената меѓу младите од двата збратимени градови Битола и Епинал од Франција е приоритет кој го зацртаа претставниците на двата града при прославата на 40-годишнината од нивното збратимување одбележана во 2008 година.
За таа цел беа одржани делегацијата од Битола одржа повеќе работни состаноци со претставници на градските власти и невладините организации од збратимениот град, при што е договорена соработка посебно на ниво на младите и најмладите од двата градови, како основа за развивање на понатамашоната соработка.
Како успешна беше посочена размената на ученици од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ со гимназијата „Клод Желе“ во Епинал. Нивната размена беше замислена околу проучувањето на античките цивилизации и таа се одвива на француски јазик, што треба да им дозволи на битолските средношколци да го продлабочат познавањето на овај јазик.
Покрај работата на заедничкиот проект, кој идната година ќе треба да продолжи во Македонија со доаѓање на група на средношколци од Епинал во Битола, претставниците на двата градови договорија и соработка меѓу основните улилишта преку допишување меѓу едно основно училиште од Епинал со училиштето „Даме Груев “ од Битола.
Во Епинал е потврдено и продлабочувањето на соработката меѓу противпожарните единци на двата градови, поддржано од француското министерство за надворешни работи. Противпожарните единици од двата градови во текот на годинава имаа конкретна размена, со изведување на заеднички вежби во областа на справувањето со огнените стихии, одржани во Епинал, Франција. Додека претставник на пожарникарите од Епинал престојуваше во Битола со цел да им помогне на битолските колеги при создавањето на центар за обука на млади пожарникари волонтери. Противпожарната единица од Епинал размислува за начинот на кој може да им помогне на нивните колеги од Битола со подарување на противпожарна опрема, при што станува збори и за теренско возило за гаснење на шумски пожари.
Во текот на идното лето во Епинал се очекува и група на неколку млади битолчани, епиналчани кои ќе бидат вклучени во обновата на средновековната тврдина во Шател во близина на Епинал. Откако годинава млади епиналчани учествуваа во археолошките испитувања во Хераклеа.
Битола и Епинал се договорија и за соработка во областа на културата и пред се размена во искуствата за уредување на градските површини, за што Епинал има големо искуство и редовно е наградуван како еден од „најрасветаните грдови во Франција.
Посетата на Епинал, делегацијата од Битола ја искористи и за запознавање на претставниците од здругите братимени градови на Епинал, Швабишхал – Германија, Логборог – Англија, Киери-Италија, Жамблу-Белгија, Нови Личин и Ла Крос-САД.
Битола и Епинал пријателството го негуваат од 1968 година, кога официјално беше склучена повелбата за збратимување.