Делегација на СДСМ во Брисел

Од:

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска и координаторот на пратеничката група Игор Ивановски учествуваат на годинашната средба меѓу лидерите на парламентарните групи на социјалдемократите и социјалистите од Западен Балкан, што се одржува во Брисел.

На средбата во Европскиот парламент, како што соопшти прес-службата на СДСМ, опфатени се различни содржини поврзани со евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан.

Претставниците на СДСМ ќе се сретнат со известувачот на ЕП за Македонија, Ричард Ховит, со известувачот на ЕП за политиките за проширување, критериумите и стратешките интереси на ЕУ, Марија Елени Копа, со германскиот европарламентарец, Кнут Флекенстин, како и со претседателот на пратеничката група на социјалдемократите во ЕП Ханес Сводбода.

Делегацијата на СДСМ ќе има средба со директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Александра Кас-Грање и со шефот на одделот, Дејвид Кулен. 

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски