Делегација на СДСМ оддаде почит на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров

Од:

Делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, Даниела Маркоска, Форум на жени на СДСМ и Снежана Калеска Ванчева пратеничка во Собранието на Република Македонија, положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 7- годишнината од неговата смрт.

„СДСМ, како и граѓаните на Република Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров за Република Македонија, кој изгради мостови на соработка и заедништво како во нашата држава, така и во светот и со тоа ги отвори перспективите за Македонија и сите нејзини граѓани.

Во интерес на иднината на граѓаните и на Македонија, СДСМ останува определена да ги негува и развива вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Горан Наумовски

Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

Катерина Ѓуровски

30 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија

Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

Катерина Ѓуровски

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров