Делегација на СДСМ ја посети градската организација на Сојузот на борци

Од:

Делегација предводена од претседателката на Градската организација на СДСМ Софија Куновска, ја посети градската организација на Сојузот на борци.

-Негирањето на улогата на НОБ е опасно. Многу грешат оние кои денес сакаат да ја минимизираат улогата на НОБ, како еден од темелите на државноста, рече  претседателот на градската организација на борците од НОБ, Трајко Стаматовски.

Претседателката на Градската организација на СДСМ, Куновска пред борците од НОБ ја презентираше Програмата со којашто СДСМ достоинствено го одбележува јубилејот 70 години 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје од фашизмот.

Претставниците на организацијата на борците ја поздравиja почитта и начинот на којшто СДСМ ќе биде одбележан овој значаен јубилеј.

Заеднички беше констатирано дека НОБ е еден од најсветлите периоди во историјата на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО