Делегација на МВР на 5-та Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Катар

Од:

Делегација на МВР предводена од државниот секретар м-р Магдалена Несторовска присуствува на 5-та Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха,Катар.

Државниот секретар на МВР и Национален координатор на Република Македонија, м-р Магдалена Несторовска оствари билатерална средба со министерот за развој на администрација, труд и социјална политика и Национален координатор за трговија со луѓе на државата Катар, д-р Еиса Саад Ал Наими на која беа разменети искуства во врска со потребата од градење заеднички пристап во борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција.

Исто така, на средбата министерот Ал Наими во името на Државата Катар ја изрази потребата од продлабочување на соработката помеѓу двете држави и во други области од заеднички интерес на Република Македонија и Државата Катар.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба