Делегација на Европскиот парламент во посета на земјава 

Од:

Делегација на Европскиот парламент денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, за да го оцени напредокот на земјата во европските реформи како и подготвеноста за можни пристапни преговори.

Седум претставници од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) предводени од естонскиот европратеник Туне Келам, ќе се сретнат со политичкото водство, опозицијата и претставниците на граѓанското општество.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, европратениците, исто така, ќе посетат проект финансиран од ЕУ, за да видат како европските фондови функционираат во практика.

Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) се состои од Келам од ЕПП, кој е и претседавач, романскиот европратеник Кристиан Преда од ЕПП, Кнут Флекенштајн од Германија, Хуан Фернандо Лопез Агилар кој е шпански европратеник, Бас Белдер и Илхан Кјучук од Бугарија и Томас Мезерикс од Партија на Зелените/ЕФА од Унгарија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ