Делегација на Царинската управа на 14. состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување

Од:

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски во четвртокот учествуваше на 14-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Брисел, Белгија.

Во делот на Царинската унија, во рамките на состанокот на Поткомитетот, Директорот на Царинската управа ги информираше претставниците на Европската Комисија за напредокот во законодавството, институционалниот и административниот капацитет на Царинската управа, како и за одржувањето на ИТ системите. Беше разговарано за напредокот и идните активности во развојот на Системот за обработка на царински декларации (ЦДЕПС), за одржувањето и развојот на информатичките системи за транзит и за интегрирана тарифна околина. Учесниците на состанокот беа информирани за новитетите во поглед на воведувањето на Овластениот економски оператор (ОЕО) и активностите за меѓусебно признавање на ОЕО во рамките на ЦЕФТА регионот. Европската Комисија информираше за новитетите во законодавството на ниво на Европската Унија.

Претходно, директорот на Царинската управа, исто така, оствари средба со високи претставници на Генералниот директорат за царини и оданочување на Европската Комисија, каде беа презентирани идните стратешки цели на Царинската управа на Република Македонија во насока на забрзување и олеснување на трговијата, како и активности поврзани со обврските на Царинската управа во спроведувањето на обврските од Повеќегодишниот акциски план за Регионална економска интеграција на Западен Балкан

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он