Делегација на АРМ во работна посета на Вермонт

Од:

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ, која во следните неколку дена во рамки на партнерската програма за соработка ќе оствари работна посета на сојузната држава на САД-Вермонт.

Како што информира Канцеларијата за односи со јавност на ГШ на АРМ, за време на престојот во САД, генерал-потполковник Величковски ќе оствари средби на највисоко ниво со својот домаќин, командантот на Националната Гарда (НГ) на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, гувернерот на Сојузната држава Вермонт Фил Скот, а ќе оствари посети и на Воениот универзитет „Норвич“, Центарот за обука „Итан Аллен“ и Агенцијата за кризен менаџмент и државна безбедност на Вермонт.

Соработката на АРМ со НГ на Вермонт во изминативе 23 години изразена преку динамична и сеопфатна програма на активности, како семинари, вежби и други форми на обука, се наведува, овозможи постигнување особено високи резултати и помош на АРМ во достигнувањето на стандардите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски