Делегации на СДСМ оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје

Од:

Делегации на СДСМ на државно и на партиско ниво оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули 1963 година.

Денеска, на 53 – годишнината од земјотресот во Скопје, на Споменикот на загинатите, свежо цвеќе положи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од членката на И.О Татјана Прентовиќ и претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богоев.

Во државната делегација на Собранието на Р.Македонија која положи цвеќе на Споменикот на загинаните, почит оддаде пратеничката од СДСМ, Софија Куновска. Во делегацијата на Град Скопје, почит на загинаните во земјотресот оддаде советникот од СДСМ, Драги Давчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ