Делечевец паднал од трактор, тешко е повреден

Од:

72-годишен жител на делечвското село Очипала паднал од трактор со приколка кој бил во движење и со тешки телесни повреди е сместен на Комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје.

-На 01.01.2023 околу 11 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 кај село Очипала, Делчевско од трактор со полуприколка, управуван од И.П.(44) од с. Очипала, додека тракторот се движел по патот, сопатникот во полуприколката Љ.П.(72) од с. Очипала паднал на коловозот. Љ.П. се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош информира Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари