Делчевец обвинет за прекршување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство во Берово до Основниот суд Делчево поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице, пензионер на возраст над 67 години, затоа што на 24 април ја прекршил забраната за движење.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, лицето не постапило според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот, односно одлуката за дополнување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

-Тој на 24.04.2020 година за време на забраната за движење, без дозвола за движење, се движел пеш низ градот Делчево, при што по излегувањето од Пензионерскиот дом во 17:45 од патрола на МВР Делчево бил запрен, контролиран и кривичното дело е откриено, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

За стореното кривично дело предложена е парична казна од 20 глоби, секоја од нив во износ од по 10 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево