Делчевец блудничел врз малолетно девојче на семеен пријател

Од:

Сопружници од Делево вчера пријавиле во полиција дека, додека не биле дома, семеен пријател блудничел врз нивното малолетно девојче.

Децата на возраст од 12 и 14 години биле дома со нивниот дедо, кога дошол семејниот пријател. Околу 22:30 часот, синот им кажал на родителите кои во меѓувреме се вратиле, дека, пријателот ја допирал сестра му по телото во дневната соба и и рекол да не кажува никому. Ова му го кажало девојчето на брата си.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во полиција. Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.

Би можело да ве интересира

24-годишник вршел полови дејствија врз 5-годишно девојче

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи