Дел од Тетово наместо шест часа рестрикции по цел ден без водоснабдување

Од:

Во одредени делови од градот граѓаните наместо со шест часа рестрикции се соочуваат со речиси целосен прекин во водоснабдувањето. Такви проблеми се јавуваат во повеќе делови на градот, а пред се кај становите што се на повисоките катови во зградите.

– Ние четврти ден имаме само по еден час вода дневно. Сметаме дека градот несразмерно е покриен со вода. Некои имаат постојано, некои немаат вода само во времето за рестрикции, додека некои како нас воопшто немаат. Пуштаат и гасат систем на слепо, најверојатно. На телефон не добиваме информации од комуналното претријатие, велат револтирани жители од станбениот комплекс Блок 70.

Од комуналното претријатие информираат дека се уште се работи на санирање на дефектот појавен повторно на новиот водоснабдителен систем кај Лешница. Според нив кога ќе се надмине тој проблем ќе престанат и рестрикциите во водоснабдувањето.

– Дефектот на цевководот се наоѓа на 11 километар од пречистителната станица кај село Лисец во правец кон Лешница кон месноста Студена река. Таму има снег од 80 метри и е потребно да се изодат 11 килоемтри низ снег. Од 15 декември забележавме дека се намалува доток од тој систем, од 130 на 80 литри вода во секунда. При проверка се утврди дека нешто се случува од Студена река. На 17 декември се најде каде е проблемот. На 18 и 19 декември се носеше опрема и материјал, денес се отвори местото каде е дефектот за да се почне со санација. Се надеваме дека што поскоро ќе се санира и ќе нема потреба од рестрикции во водоснабдувањето, информира Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“.

Новиот водоснабдителен систем годинава во неколку наврати имаше дефекти и предизивка отежнато водоснабдување.

– Тој систем е поставен на траса од околу 27 километри целосно низ планински предел. Има десетина места – точки кои се перманенттно во ризик и тешка можност за дефекти. Во вакви случаи мора да има мерка рестрикции со цел да се опслужат сите граѓани. Се до моментот со решавање на проблемот, но кога ќе се санира ќе нема рестрикции, изјави Шаќири.

Сега во водоводната мрежа има 160 литри вода во секунда од стариот систем, како и 30 до 40 литри од бунарите.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила