Дел од украдената марихуана од валандовско е во Косово, вели Заев

Од:

„Оставам на истрагата, гледате дека МВР ефикасно постапува. Еден дел од тоа што беше во Валандовско-гевгелискиот регион веќе е откриено во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни,“ изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Во однос на вчерашната полициска акција во Крушево, во која беа уапсени три лица од Македонија, Косово и иАлбанија, фатени со 60 килограми марихуана, Заев посочи дека е информиран оти се случуваат вакви девијантни појави и дека ова е втора, потсетувајќи на акцијата пред некој ден во валандовско-гевгелискиот регион.

– Прво апелирам, а веќе постапува Комисијата за давање на дозволите за лиценца за да направи детална контрола покрај тоа што го прави МВР. Уште еднаш поддршка за сите овие акции, за превенирање, спречување и откривање на сите незаконски дејствија поврзани со дрогите, а вклучително овде и канабисот којшто надвор од законско пропишаните рамки излезе надвор, изјави Заев.

– Ќе продолжат ваквите активности, будно го следиме сето тоа преку МВР како најнадлежно за оваа работа заради тоа што ова е процес којшто е контролирачки и верувам дека самата истрага ќе покаже кој и зошто е виновен или слично, рече Заев.

Во однос на тоа дека меѓу уапсените во Крушево бил и близок роднина на заменик-министерот за внатрешни Назим Буши, Заев рече дека првпат слуша за тоа кои луѓе се инволвирани, но и дека не е важно, бидејќи треба да си одговараат без разлика кои се.

– Така што за мене сега ова што го спомнавте се само индиции, информации. Јас дури и првпат слушам за кои се инволвирани луѓе, впрочем и не е важно кои се инволвирани луѓе. Ако се инволвирани тие треба да си одговараат без разлика кои се, како се поврзани, со кои важни или неважни личности во државата, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Приведен е жител на скопско Страчинци – кај него се најдени гранки и стебла од канабис

А1он

Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола – Прилеп

А1он