Дел од корисниците на Центар утре без вода

Од:

Дел од корисниците од населбата Маџир Маало утре од 9.30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Велешка“ бр. 68. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Поради изведување водоводен приклучок (ф 80мм) на ул. „Козара“ бр.5 во населба Капиштец, прекинато водоснабдување утре ќe имаат и корисниците од улиците „Козара“ и „Шарски Одреди“ во општина Центар, од 9 часот до завршување на зафатот. 

РЦУК соопшти и дека поради дефект на ул. „Ацо Караманов“ бр.17 во населба Водно, утре прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од улиците „Ацо Карамонов“ и „Партениј Зографски“, од 9 часот до санирање на дефектот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат