Дел од населбата Кисела Вода утре без вода

Од:

Дел од корисниците од високата зона од населбата Кисела Вода утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење, а со намален притисок ќе биде цела населба.

Без вода утре од 09:00 часот до санирање на дефект ќе бидат корисниците од улиците „Вера Јоциќ“, „Иван Козаров“, „Ѓорѓи Димитров“, „Емил Зола“ и дел од улица „Борис Трајковски“ од број 1 до број 29, во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект и изведување на водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ бб, кај новиот кружен тек во населбата Кисела Вода.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“, Скопје не завршат со работата.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски