Дел од Кичево денеска без вода за пиење

Од:

Уште од раните утрински часови јужниот дел од градското подрачје на Кичево е без вода за пиење.

Како што информира ЈП „Комуналец“, корисниците кои живеат до булеварот, од кружниот тек спроти Агенцијата за вработување па до центарот на јужниот дел од градот имат прекин во снабдување со вода за пиење која ќе трае се до попладневните часови.

Причината за овој прекин, како што се наведува, е отстранување на техничкиот дефект во цефководот кој ги снабдува корисниците од градското подрачје. За отстранување на дефектот се ангажирани екипи.

Јавното претпријатие апелира граѓаните да имаат разбирање за прекинот во водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух