Дел од гевгелиската болница адаптиран за ковид пациенти со полесни симптоми

Од:

Пролонгирањето на изградбата на 16-те Ковид центри во земјава,во пресрет на очекуваниот есенски бран, ја натера гевгелиската Општа болница со проширена дејност, да најде алтернативно решение за соодветен третман на инфицирани пациенти со полесна клиничка слика, информираше директорот на болницата, д-р Митко Крџев.

-Го преградивме делот од болницата кој служеше за прием и третман на мигранти и го адаптиравме за ковид пациентите со лесни симптоми кои треба во текот на лечењето да примаат инфузија, а брисови на пациенти кои се суспектни на Ковид-19 и понатаму ќе се земаат во постојниот пункт на ПЕ на центарот за јавно здравје, рече Крџев.

По добивање на резултатите, појасни тој, во овој дел кој ќе функционира како дневна болница, ќе се примаат пациенти со позитивни резултати кои ќе примаат инфузиска и друга соодветна терапија по што ќе си заминуваат дома.

-Адаптираниот дел од болницата има капацитет од шест кревети и во него секој ден од 8 до 20 часот ќе има медицинска сестра која ќе ја следи состојбата, а пациентите секој ден ќе бидат прегледувани од епидемиолог и интернист кои ќе ја следат нивната здравствена состојба, рече Крџев и нагласи дека болните на кои состојбата ќе им се влоши, ќе се испраќаат на лекување во болниците во Скопје или Штип.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски