Декоративен водопад на кејот на Крива Река

Од:

Декоративен водопад со автентичен изглед во кој истекува т.н. мрзлива река е изграден во мајор коритото на Крива Паланка од вработените во секторот Паркови и зеленило на Јавното претпријатие „Комуналец” .

– Камениот водопад го надополнува ликот на градскиот кеј, се формира мрзливата река која истекува од градската фонтана од паркот. Во водопадот има мини површини со засадено цвеќе, а на околниот простор ќе се доуреди цветна површина, информира раководителот на Секторот Драги Пејчиновски.

Периодов, рече, се засадени околу 15.000 цвеќиња на јавните градски површини во општината.

– Во градскиот парк, на кејот покрај ролерско-велосипедската патека, во цветните форми на влезот и излезот на градот, во мини парковите и пред јавните институции беа засадени нови летни цвеќиња, вкупно околу 15.000. Беа засадени и цвеќиња во саксиите на канделабрите долж главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ и долж обиколницата на магистралата А2, додаде Пејчиновски.

Хортикултурно е уреден и делот од граничниот премин Деве Баир од македонска страна, како и канделабрите, а направени се и повеќе цветни форми.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски