Деканот на Филозофски повикан на распит за спорниот избор на шеф на Институтот за социологија

Од:

Ратко Дуев, актуелниот декан на Филозофскиот факултет во Скопје, заедно со уште едно лице се повикани на распит во скопското јавно обвинителство, потврдуваат оттаму за „Макфакс“.

Станува збор за кривичната пријава која во март годинава против Дуев ја поднеле пет професори, негови колеги, за спорниот избор на шеф на Институтот за социологија.

Од Обвинителството за „Макфакс“ велат: „Надлежниот обвинител закажа распит на пријавените лица и на претставник на подносителите на пријавата во насока на проверка на наводите“.

Во март годинава, петмина професори на Инситутот по социологија на Филозофскиот факултет во Скопје реагираа дека во март се одржала „скандалозна“ седница во присуство само на пет професори од вкупно десет и дека со фалсификуван записник бил избран нов раководител на овој Институт. Професорите поднеле и претставка до Управниот инсепкторат.

На седницата тогаш беше избрана професорката Марија Дракулевска Чукалевска за раководителка на Институтот по социологија, иако, според професорите, таа добила поддршка само од петмина нејзини колеги на седница без кворум.

Деканот Дуев по настанот во медиумите изјави дека процедурата за избор била законска, а тој ќе преземел мерки за да се расчисти ситуацијата.

Васко Маглешов
фото: Факултети

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски