Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел денеска го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар.

Гер во моментот е на чело на Секторот за политика за санкции во ЕЕАС.

Жбогар ја извршува функцијата евроамбасадор во земјава од 1 септември 2016 година, а дојде на местото на тогашниот шеф на делегацијата Аиво Орав.

Борел меѓу останатите назначувања за евроамбасадори во регионот ги номинираше и Томаш Сунјог за шеф на делегацијата на ЕУ во Косово, Оана Кристина Попа за евроамбасадор во Црна Гора, како и Николаус Мејер Ландрут за шеф на делегација на ЕУ во Турција.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати