Дејан Блажески: ЛДП укажуваше дека Законот за хонорарците е дискриминаторски, неуставен и штетен

Од:

Либерално-демократската партија во повеќе наврати укажуваше дека Законот за хонорарците е дискриминаторски, неуставен и штетен за граѓаните. Повеќе од јасно беше дека и неговата имплементацијата ќе биде доведена во прашање, кога беше донесен преку ноќ, без стручна и нетранспаретна расправа, од страна на некомпетентни лица.

Имено, оваа власт и тогаш кога ги носи со сила ваквите закони и тогаш кога одлучува да ги укине, земајќи улога на егзекутор и помилувач,во ниту еден момент не помислува на правната несигурност која ја влева кај граѓаните и штетата која им ја нанесува.

Од друга страна, во која и да било сериозна демократија, со сериозен систем на уредување, паралелено со укинувањето на ваквиот закон јасно е дека првенствено мора да бидат искалкулирани дотогашните штети и обештетување на сите оние кои дотогаш биле, условно кажано- жртва на летните закони на Владата. ЛДП потенцира дека со ваквиот закон се направи обид за полнење на Буџетот на сметка на хонораците, истовремено скратувајќи ги им ги правата по разни основи.

Меѓу другото,јасно е дека ваквиот закон беше донесен за „средување“ на списоците од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, односно ова беше еден еклатантен пример за грабеж, поткрепен со спорен закон, чиј резултат продуцираше многу граѓани да останат без работа, без здравствено осигурување, без боледување.

ЛДП бара од Владата, која од популистички побуди го укина легитимниот грабеж од кои и да било побуди да им ја надомести штетата на хонорарците кои платија придонеси, а не ги искористија своите права.

Политиката на земи па врати е завршена. Очиглчедно е дека ДПМНЕ, веќе неколку години со ред првенствено ги одзема основните загарантирани уставни права на граѓаните, дебело наплатувајќи, за потоа пред избори да ги изманипулира со ретерирање, кое, за жал, треба да се доживува како награда и разумност.

ЛДП го прашува Ставрески дали не мисли дека кога јасно кажа дека се исцрпеле ефектите од Законот за хонорарци дека веќе одамна е ицрпен неговиот кредибилитет како и моралниот и правниот капацитет на Владата?

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он