Дехари: Независно дали ќе се вика Кичево или Крчов, ќе бидам градоначалник на сите граѓани

Од:

Изборната реторика останува во минатото. Сега треба да се свртиме кон заедничката иднина, проектите околу кои треба да се соединиме и да се ангажираме сите заедно за да го претвориме Кичево развиен и современ град, изјави новиот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-м.

Според него, за да се постигне тоа, потребно е ангажирање на сите граѓани независно од нивната етничка, религиозна и политичка припадност. Тој вели дека Кичево е исто за сите и оти тој ќе биде градоначалник на сите граѓани на Кичево.

– Ги повикувам граѓаните да продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина, да се почитуваме, во еден аспект и како браќа за да работиме заедно, да се запознаеме и да се поддржиме што повеќе едни со други. Јас нема да правам разлика на кој било начин меѓу граѓаните врз основа на нивната етничка припадност, бојата или верската припадност, сигурно ќе ги слушнам нив, ќе бидам меѓу нив… Независно дали ќе се вика Ускана, Кицавица, Кичево или Крчов, ние сме сите граѓани, јас ќе бидам градоначалник на сите граѓани, на сите заедници што живеат таму, рече Дехари.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ