Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Од:

Дефект на високонапонска трафостаница во близина на стара црква Куманово е причина за вчерашниот недостиг на електрична енергија во централното градско подрачје во попладневните часови, соопштија денеска од ЕВН.

Екипите на ЕВН при повторно вклучување не можеле да интервенираат бидејќи немале пристап поради паркирани возила, по што интервенирала и пајак службата, додаваат од ЕВН.

– Поради дефект на високонапонска трафостаница без напојување останал кратко дел од Куманово. Но, при повторно вклучување се случил испад и на ниско напонско ниво, за што биле потребни два часа санирање поради немање пристап кај детектираните дефекти. Причина биле паркирани возила за кои било потребно нивно отстранување од пајак служби, за да може екипите да ги отстранат дефектите, велат од ЕВН.

И регионалниот центар за управување со кризи Куманово во дневниот билтен пренесува информација дека територијалната противпожарна единица Куманово вчера од 18 часот била на локацијата поради пријава од граѓани за искрење на трафостаницата која се наоѓа во близина на црквата.

– Екипата на ЕВН пристапила кон поправка на дефектот а екипата на ППЕ се вратила во својата единица во 18:25 часот, информираат до РЦУК Куманово.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час