Дедо Мраз пристигнува на плоштад „Македонија“

Од:

На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје денеска во 12 часот традиционално се очекува доаѓањето на Дедо Мраз.

Годинава, најпознатиот дедо на светот, во Скопје ќе пристигне во еко мобил и ќе ни ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина.

Дедо Мраз ќе го пречекаат Златните Славејчиња и ќе ја одиграат претставата „Дедо Мраз во пензија“. Новата Година на сите деца во Скопје, како што е најавено, ќе им ја честита градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Градот Скопје од 23 декември на „Улицата на радоста“ на плоштадот „Македонија“ организираше новогодишен базар и забава за најмладите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд