Дедо Мраз и оваа година пристигна на Клиниката за детски болести и Клиниката за онкологија

Од:

Со помош на Дедо Мраз од Тимот за спасување на планина на Црвен крст на Град Скопје, кој со јаже и со мали технички проблеми, се спушти по фасадата на Клиниката за детски болести, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов, поделија новогодишни пакетчиња на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје.

Со искрени и пријателски желби за побрзо оздравување и убава 2019-та година, градоначалникот Богдановиќ и амбасадорот Ангелов, се дружеа, се сликаа и поразговараа со нашите најмили и најмали.

„Сакам да се заблагодарам на амбасадата и амбасадорот на Република Бугарија, господин Ангел Ангелов, кои веднаш излегоа во пресрет за оваа акција, со која ќе им ги развеселиме и разубавиме предновогодишните денови на овие деца. Ова е порака и до другите општини, јавни институции и општествено одговорни компании и тие да се приклучат на оваа акција, затоа што сите треба да помогнеме на овие деца, секој на свој начин“, изјави Богдановиќ.

Со помош на волонтерите од Црвениот крст Центар, Дедо Мраз и персоналот од клиниките, децата ги добија и се радуваа на своите подароци за оваа година.

„Дедо Мраз да помогне макар на едно дете оваа година, ќе биде добро“, дополни амбасадорот Ангелов.

Општина Центар во овој предновогодишен период, им посакува на децата многу успеси, здравје и нови лични победи во годината што доаѓа.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски