Децата од 4-то одделение од ОУ „11-ти Октомври“ во посета на општина Центар

Од:

Деца од три паралелки од 4-то одделение од општинското основно училиште “11-ти Октомври“ денеска беа во посета на општина Центар.

Тие, во рамките на наставната програма се запознаа со работата на општината, работата на градоначалникот, на советот и на општинската администрација. Прашањата кои ги упатија до градоначалникот на општина Центар беа околу неговото функционирање, колку години е избран и која е неговата надлежност.

Учениците од 4-то одделение се интересираа за тоа дали и на кој начин општина Центар соработува со другите општини и како се постапува и кој е надлежен доколку некоја улица граничи со улица од друга општина.

Претходно, во посета на општина Центар беа учениците од 3-то и 4-то одделение од ООУ “Димитар Миладинов“.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните